Македонија интегрирана во ЕУ е нашата основна цел и примарна задача, кажа Димковска
Се обрзуваме да го вратиме достоинството, да го покренеме духот на народот, да ја обновиме Македонија, затоа што сите ние заслужуваме да живееме во просперитетна и економски моќна држава, порача кандидатката за пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Кети Димковска.

„Потребна ни е економска обнова, а таа ќе дојде со 4 милијарди странски инвестиции, од кои 3 големи компании ќе дојдат во првите 100 дена од работата на нашата Влада. Зголемување на економскиот раст, намалување на вработеноста под 10%, односно 50 000 нови работни места и пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого. Македонија, интегрирана во Европска Унија е нашата основна цел и примарна задача, на која ќе работиме во наредните години. Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото се обврска која им ја должиме на граѓаните. Проектот Обнова на Македонија е програма со над 1000 проекти, каде се опфатени проекти во секоја сфера на нашето општествено живеење“, изјави Димковска на денешната прес-конференција.
Таа додаде дека се обврзуваат за професионализација на администрацијата и зголемување на платите до 25 отсто до крајот на мандатот, како и за подбрување на животниот стандард на просветните работници, на здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, во полицијата, во војската и на сите вработени во државната администрација и во јавниот сектор, како и зголемување на пензиите. Ниевен пиоритет ќе биде спроведување на проекти за подигање зелени појаси околу населените места, борбата за почист воздух и почиста животна средина, бесплатен приклучок на природен гас за секое домаќинство, гасификација на медицинските центри, меѓу кои и болницата во Куманово, која претставува еден од најголемите загадувачи во зимскиот период во градот.
„Драги кумановци нашиот град, нашата држава заслужува подобра иднина. Сите ние заслужуваме подобри услови за живот, повисоки плати, повисоки пензии, подобри услови за раст и развој на нашите деца, поквалитетно образование за младите. Време е да им ставиме крај на лагите на Зоран Заев и Оливер Спасовски, време да го вратиме своето достоинство, да бидеме горди што живееме во својата татковина, а не да се срамиме од неа. Затоа на 15 јули сите да го заокружиме бројот 14 затоа што само тaка ќе се спасиме од она што ни го приредува СДСМ, само така може да го зачуваме достоинството што ни остана, а потоа чекор по чекор, да станеме она што некогаш бевме, Македонци со исправена кичма, луѓе горди на својата татковина“, - рече Димковска.