×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија треба да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+

    28.03.2024 21:15 | KumanovoNews

    Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија, пари злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

    Македонија треба да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+

    Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски денеска на прес-конференција кажа дека на 30 ноември 2023 година неговата агенција добила известување од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со барање за поврат на средствата, а месецов примиле известување и за конечност на одлуката.

    Тој додаде дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и се наоѓа во предистражната постапка.

    Според директорот, станува збор за средства доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година, а од Европската комисија биле известени дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+.