×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонската развојна економија нуди повисоки плати и шанса за сите, порача Лукаревска

    05.07.2020 12:31 | KumanovoNews

     Носителката на листа на коалицијата на СДСМ во Изборната единица 2, Сања Лукаревска, денеска во Куманово, го посети локалитетот Студена вода, којшто интензивно се уредува за спорт и рекреација со финансиска поддршка на Владата, при што говореше за новиот економски концепт за развој на државата.

    Македонската развојна економија нуди повисоки плати и шанса за сите, порача Лукаревска

    За уредувањето на ова излетничко место кое се наоѓа на пет километри од Куманово вложени се над 11 милиони денари, најголем процент од програмата за рурален развој.

    „СДСМ и коалицијата „Можеме“ обезбедуваме нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Продолжуваме со поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, една милијара евра странски инвестиции за следните 4 години. Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Платите ќе растат, минималната на 20 000 денари, а просечната на 34 000 денари, пензиите ќе ги следат платите, субвенциите за земјоделците се зголемуваат на 200 милиони евра годишно, го цениме трудот на луѓето“, рече Лукаревска.

     Таа додаде дека македонската развојна економија ги вклучува сите граѓани, а енергијата, иновативноста и креативноста ги црпи од младите луѓе и во младите уште повеќе ќе вложува.

    „Создаваме амбиент во кој младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Поддржуваме стартапи формирани од млади кои нема да мора да прават административни и логистички трошоци. Инвестираме во перспективна, заедничка иднина, без разлики и поделби. Оваа држава ни припаѓа на сите подеднакво и е наша заедничка одговорност “,  додаде Лукаревска.

    Затоа, на 15 јули одиме на избори заедно и ќе победиме, како што кажа кандидатката за пратеник, затоа што нема враќање на тие што не знаат економија, на тие што се против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните, бидејќи ги сакаат само за себе. Таа рече, дека има кој знае и тие покажале дека можат уште повеќе и уште подобро.