Македонски државјанин пукал во жена, па извршил самоубиство на наплатната рампа Прешево
07.03.2024 23:17
| Сузана Николиќ
Обид за убиство и самоубиство се случило вечерва во близина на наплатната рампа Прешево, во Република Србија.

Крвавата пресметка била во 21.30 часот кога македонски граѓанин пукал во помлада жена, која е тешко ранета, по што се застрелал.
Според извори на порталот ВОМ, македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистаски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.
Лекарите во Врање се борат за животот на жената.