×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонско-бугарски бизнис форум ќе се одржи во Куманово

    26.02.2020 10:58 | KumanovoNews

    Под мото „Заедно можеме повеќе“, во петок во Куманово ќе се одржи македонски-бугарски бизнис форум.

    Македонско-бугарски бизнис форум ќе се одржи во Куманово

    Идејата е за отпочнување на соработка и размена на идеи на бизнисмени од Општина Куманово со колеги од пограничните општини во Бугарија.

    Како што појаснува професорот Веселин Халачев, претседателот на ОБК и член на Одборот на директори на Европска алијанса на мали и средни претпријатија (Брисел), бизнис заедницата од Бугарија и Куманово, треба да ја искористат географската близина и заедно да бидат поконкуренти на пазарот и да ги искорист фондовите на ЕУ.

    - Бугарија и Македонија не се многу големи држави и ако ние не работиме заедно, ако не сме обединети тоа значи дека ќе дојде време кога нас нема да не`има на  економските меѓународни пазари. Ние зборуваме слични јазици, ние сме како браќа и затоа мора да работиме заедно и понатаму. Нашите бугарски компании се многу заинтересирани за соработка со Куманово бидејќи е на стратешко место коешто е блиску до Бугарија. Вие тука имате и добро развиено земјоделство, сточарство, чевларска индустрија, столарство, текстилна индустрија, така што имаме такви компании кои сакаат да соработуваат, за да можеме обединети да работиме заедно и да овозможиме поголем дел од нашите продукти да излезат на надворешниот пазар, како што се Кина или Русија, бидејќи тие бараат поголемо количество,- додава Халачев.

    Бизнис форумот ќе се оддржи во Занатечискиот дом, а ќе присуствуваат амбасадорите на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев, градоначалникот Максим Димитриевски, и градоначалници од двете држави.