Мени

Максим Димитриевски и Горан Стојковски - Диро ќе одат во вториот круг за избор на градоначалник на Куманово

20.10.2025 08:52 | KumanovoNews

Кандидатите на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски и независниот кандидат Горан Стојковски - Диро ќе одат во вториот круг за избор на градоначалник на Куманово.

Максим Димитриевски и Горан Стојковски - Диро ќе одат во вториот круг за избор на градоначалник на Куманово

Спорeд резултатите на ДИК, Димитриевски, освои 16.183 гласови, а Стојковски Диро 5.946 , од обработени 98.80 отсто гласови. 

„Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави синоќа Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата во Куманово.

Независниот кандитат Стојковски и граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“, објавија дека кумановци пратиле јасна порака дека време е за промена и време е за ред.

„Со вашата поддршка покажавте дека верувате во нова, одговорна и чесна локална власт. Продолжуваме со уште поголема енергија во вториот круг, решени да ја донесеме големата победа за Куманово на 2 ноември“, напиша Стојковски.

Вториот круг на Локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.