Максим Димитриевски собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател
27.02.2024 21:10
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово и претседател на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател.

„Над 10.000 потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски.
Претседателските кандидати Бујар Османи и Арбен Таравари, исто така собрале 10 илјади потписи за влез во трката за шеф на државата.