Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Максим Димитриевски ја донесе одлуката за исклучување од СДСМ кога одлучи да оди како независен кандидат, тој многу добро ја знае процедурата, но Максим тргна против Максим, рече денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев, за независната кандидатура на Димитриевски.
„Кога ќе се спротивстави досегашен член за којшто СДСМ вложила во неговата иднина, работење, му дала шанса, направиле скалила да расте во својот личен рејтинг, во својот општествен рејтинг, самиот Статут направил јасна дистинкција за ограничувањата. Максим тргна против Максим. На централен одбор треба да го констатираме тоа што Максим го направи. Тоа го знае Максим, Статутот не е од сега направен. Однапред се познати правилата. Кога ќе тргнете против СДСМ, не можете истовремено да бидете и член на СДСМ. Инаку можете слободно да ги кажете вашите различности во органите на партијата, да се борите за вашите ставови, тие многу често победуваат, дури и кога не се ставови на највисокото раководство. Максим беше член на Конгрес, по функција член на Централниот одбор, како градоначалник секогаш го имал правото да дискутира и да ги каже своите забелешки, така што ја знае процедурата како се донесуваат одлуките. Неговата определба да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и преурането да го напушти процесот на селекцијата на кандидатите, согласно сите истражувања кои ги направивме, тоа е негова лична одлука и со тоа тој ја донесе и одлуката за себе исклучување од СДСМ“, рече Заев.
Тој кажа дека во Куманово ќе победи тој што 30 години по ред победувал, а тоа е СДСМ, бидејќи се потрудиле да излезеат со најдобриот кандидат, а тоа е Оливер Илиевски.