×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мал одзив на средношколците на протестот против загадувањето во Куманово

    20.12.2019 13:05 | KumanovoNews

     Само дваесетина средношколци денеска протестираа пред Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, поради загаденоста на воздухот.

    Мал одзив на средношколците на протестот против загадувањето во Куманово

    Учениците кои беа присутни велат дека одзивот е слаб затоа што се договориле да побараат средба со градоначалникот на Општина Куманово, за да поразговараат за проблемот со кој се соочуваат.

    Дознаваме дека претседателите на класовите, кои всушност првично се договорија за протестот,  утринава биле на средба со директорите на училиштата.

      За разлика од Куманово, средноколците од Скопје денеска ја бојкотираа наставата и покрај тоа што одредени директори им вршеле притисок да не излегуваат на бојкот и да не учествуваат во маршот за чист воздух.

    „Имаме добиено пријави, но засега не можам да кажам колкава е нивната бројка. Пријавите најчесто се однесуваат на притисоците што доаѓаат од раководните позиции во училиштата. Конкретно, оттаму се закануваат дека без разлика колку часови отсуствуваат од наставата, на учениците ќе им се пише како да не биле на училиште цел ден. Пријавите се анонимни, па не можеме да кажеме од кои училишта се“, - изјавиле за сдк.мк,  од Младински образовен форум, кој отвори телефонска линија (02 3139692) за пријавување на притисоци и закани поврзани со најавениот бојкот.

    Во Скопје денеска во 17 часот ќе се одржи втор марш за чист воздух, во заедничка организација на 30-ина граѓански здруженија од целата земја.