×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малински фото фестивал во Куманово

    27.10.2014 11:08 | KumanovoNews

    Фото клубот “Куманово“ во сабота на повеќе локации во градот ќе организира  изложба на фотографии, како дел од манифестацијата Малински фото фестивал.

    Малински фото фестивал во Куманово

    Во 13.30 часот во кафулето Wire ќе биде отворена изложбата на минијатурна фотографија „Best of best„. Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во 14.30 часот ќе биде отворена меѓу клупската изложба на фотографии “Круг“. Во Уметничката галерија во 15.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии на Мирослав Предојевиќ од Србија, насловена како “Фотографи и модели“, како и клупската изложба на фото клуб “Куманово“ со наслов “Тумба 2014“.

    Во театар Куманово почнувајќи од 16.30 часот ќе има повеќе фото презентации и тоа на ИФСАК, Бурак Сенбак, Серкан Турац, Хулки Муради, Владимир Јовановски и Луис Алберто Франке. Во фото клуб “Куманово“ во 19.30 часот ќе се одржи клупска изложба на фотографии од Шангај арт клубот кој е еден од најактивните во Азија. На манифестацијата ќе присуствуваат еминентни имиња од светот на фотографијата како Неда Речки, Озрен Божановиќ, Драгослав Мирковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Марија Јовановски и Сашо Илов.

    Манифестацијата се организира за првпат и се планира да биде традиционална.

    Малински фото фестивал е во чест на фамилијата Малински од Куманово, која во почетокот на 20 - от век се занимавала со фотографија.