Малите балерини на „Ултра„ светски прваци во модерен балет
Со кореоаграфијата Пиано, детската група на балетското студио „Ултра„ на светски шампионат за модерен, џез и класичен балет во Полска освои прво место.
Светскиот шампионат се одржал во градот Миколајки, каде имало натпреварувачи од сите континенти. Македонија учествувала за прв пат и неа ја претставуваа 16 балерини од „Ултра„ и еден учесник од студиото “Брејк а лег“ од Скопје.
“Во многу голема конкуренција и дечиња од целиот свет, нашите балерини храбро се бореа на големата сцена и со многу шарм, оригиналност и техника успејаа да победат. Во Полска се свиреше македонската химна, се вееше македонското знаме. Многу сум горда и среќна и уште не можам да поверувам што направивме“ - рече Александра Димитриевска, кореограф во „Ултра„.
Членовите на модното студио „Ултра„ постојано се закитуваат со награди и признанија на домашните и меѓународни натпреварувања.