Мени

Малолетници истепале сограѓанин

26.05.2015 12:10 | KumanovoNews

Четворица малолетници од Куманово истепале сограѓанин,  по што му го одзеле мобилниот телефон.

Малолетници истепале сограѓанин

Тројца малолетници на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години кон крајот на април, на улица „Србо Томовиќ“ го нападнале П.Т.(22) од Куманово, нанесувајќи му видливи повреди, а четврто пријавениот му го одзел мобилниот телефон кој му паднал на земја.

Против малолетниците се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело насилство.