Малолетник фалсификувал ПЦР тест, доби кривична пријава
22.03.2022 07:49
| Сузана Николиќ
Малолетник од Куманово е фатен со лажен ПЦР тест кога сакал да ја помине државната граница.

„Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривични пријави против малолетник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.
Тој на 21. март на граничниот премин „Деве Баир“ употребил фалсификуван ПЦР тест, при што бил откриен.