Maлолетник фатен додека крадел во Кумановската болница
04.04.2022 12:15
| Сузана Николиќ
Малолетник од Куманово вчера бил приведен кога се обидел да изврши кражба во Кумановската болница.

„Тој во 05.15 часот бил затекнат во објект на Општа болница Куманово при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, а претходно веќе извршил кражба во деловен објект на бул.„3-та МУБ“, при што одзел пари и различни предмети“, соопшти МВР.
Кај него биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.