Малолетник повреден при судир на мотор и автомобил на „Драган Стопаревиќ“
28.04.2020 09:20
| KumanovoNews
Малолетник се здобил со сериозни повреди откако вчера дошло до судир на мопед и автомобил, на улицата „Драган Стопаревиќ“ во Куманово.
Несреќата се случила во 17.47 часот, помеѓу патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(47) од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.
Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

