Малолетник со мотоцикл удрил двајца пешаци на раскрсница на „Октомвриска“
28.07.2021 11:19
| Сузана Николиќ
Две лица се повредени во сообраќајна незгода, откако мотоциклист удрил во пешаци.

Несреќата се случила вчера во 13.20 часот на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, кога мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот Ж.С.(46) и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово.
Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.