Малолетник со нарушено здравје од Куманово избегал од установа за згрижување
        14.09.2021 21:55
                  |               Сузана Николиќ                                  
	         
      Вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено здравје пријавила во полицијата дека од Организациската единица Козле се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(14) од Куманово.
 
                  „Тој и претходно се оддалечувал од установата“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



