Мени

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина против семејно насилство во Куманово

26.11.2026 11:05 | KumanovoNews

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, ќе одржи трибина под мото „Сплотени дејствуваме - одлучни против насилството“, 
по повод кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина против семејно насилство во Куманово

На панел - дискусијата ќе учествуваат министрите Ѓоко Велковски и Панче Тошковски, претседателката на Унијата на жени Марија Митева, како и стручни лица, социјален работник и психолог.
  
„Преку оваа панел-дискусија сакаме да испратиме силна и недвосмислена порака дека борбата против насилството врз жените е заедничка одговорност на институциите и целото општество. Насилството не смее да биде премолчено, оправдано или игнорирано. Потребни се солидарност, институционална поддршка, храбро пријавување и заедничко дејствување“, стои во поканата до медиумите.

Трибината ќе се одржи во големата сала во зградата на поранешните општествено-политички организации – Комитет, Куманово, со почеток во 19.30 часот.