Малолетно девојче побегнало со 55 годишен маж, полицијата го пронашла и го вратила дома
12.01.2020 13:51
| KumanovoNews
Тринесет годишно девојче од Куманово побегнало со 55 годишен маж од Крива Паланка, но истиот ден било пронајдено и вратено дома.

Според МВР, завчера во 18,00 часот во Кумановската полиција, 47-годишен маж од кумановско пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот, неговата 13 годишна ќерка се оддалечила од својот дом со Ј.Р. (55) од Крива Паланка.
Во 20,00 часот од страна на полициски службеници од ПС-Крива Паланка, Ј.Р. и малолетничката се пронајдени во Крива Паланка и веднаш се известени нејзините родители. Ј.Р. е лишен од слобода и задржан во ПС ОН-Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот.