×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Манастирот во Матејче ќе се прогласи за културно наследство во опасност, најави министерката Стефоска

    23.09.2020 20:25 | KumanovoNews

     Прогласување за културно добро во опасност на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче, ќе биде еден од приоритетите на новата министерка за култура Ирена Стефоска.

    Манастирот во Матејче ќе се прогласи за културно наследство во опасност, најави министерката Стефоска

    Министерката на денешната прес-конференција, осврнувајќи се на заштитата на културното наследство, истакна дека нејзина прва задача е да овозможи воспоставување на ефикасен систем за заштита на културното наследство и макотрпно, заедно со тимот и институциите, да работи на раскрстувањето со вандалскиот однос кон нашето наследство бидејќи таквиот однос кон него, сите нас нѐ носи  во пропаст.

    Стефоска посочи дека статусот добро во опасност, значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучуваат меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот.

    „Зошто досега не бил применет овој пристап и за сите други загрозени културни добра од светско и од национално значење, на пример, актуелен е случајот и со манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче, иако уште во 2017 г. Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство повеле иницијатива за негово прогласување за културно добро во опасност“, рече министерката за култура.

    Таа пред новинарите истакна дека нема да бидат заборавени и спомениците од НОБ кои се еднакво важен сегмент во нашата културна меморија.

    (Фото: Јован Лесански)