×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марио Цветковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

    30.07.2017 10:29 | KumanovoNews

    Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Марио Цветковски (25) е избран за член на Извршниот комитет, највисоко централно партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ.

    Марио Цветковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

     Цветковски е единствен претставник од Куманово во Извршниот комитет, кој брои 32 члена, поранешни министри, пратеници, професори, експерти. Претседател е Никола Груевски.

    Во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат: Никола Груевски, Драги Димитровски, Игор Николов, Христијан Мицкоски, Зеќир Рамчиловиќ, Александар Николоски, Џери Наумоф, Златко Перински, Никола Србов, Славе Трпески, Ане Лашкоска,  Сеад Солаковски, Марио Цветковски, Дијана Транталовска, Богдан Илиевски Бетмен, Светлана Колариќ, Александар Георгиев, Дејан Јовановски, Анета Стојановска Стефанова, Армен Незири, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска, Зоран Савевски.

    „Овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ преставува спој на младоста и искуството кој ветува нови успеси на партијата“, - велат од партијата.

    Изборот на Цветковски е големо изненадување за кумановските вмровци, пред се поради неговата возраст. Тој  на чело на УМС е од 2014 година.  По професија е правник, а работи во Центарот за комуникации и односи со јавност на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

    Досегашен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, кој не се најде во новиот состав на највисокото партиско раководство.