×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Маркетите да вршат онлајн продажба, побара кризниот штаб во Куманово

    04.04.2020 11:47 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок побара од Владата да овозможи маркетите да работат на испорака на храна и да има повеќе дежурни аптеки, бидејќи дел од граѓаните вчера не успејале да  купат се што им е неопходно додека трае полицискиот час.

     

    Маркетите да вршат онлајн продажба, побара кризниот штаб во Куманово

    - Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час. Општинскиот штаб за заштита и спасување до сега има информација дека дежурна аптека во градот е Провиталис. Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за комисија за здравство и владата и за тоа да  известат штабот, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

      Тој додаде дека утринава добил и една добра вест - неофицијална информација дека е излекуван еден пациент од коронавирус од Куманово, кој бил меѓу првите заболени во градот.

    Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е  078 365 061, на кој  граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации. За најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94.

    Од Кризниот штаб апелираат до граѓаните при појава на било какви симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.

    Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .

    Куманово од синоќа е во продолжен полициски час, кој ќе трае до понеделник во 5 часот наутро. Одлуката беше донесена од Владата откако бројот на зразени од коронавирус во Куманово се искачи на 85, а само 23 во еден ден. Од нив 11 се медицински лица, а вкупната бројка досега е 15 лица.

    Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

    Денеска улиците во градот се празни и се почитува полицискиот час.