Марко Митровски од ВМРО-ДПМНЕ нов директор на „Куманово-гас“

14.01.2022 10:40 | Сузана Николиќ

Градоначалникот Максим Димитриевски го постави Марко Митровски за в.д. директор на Јавното претпријатие „Куманово-гас“, откако од функцијата го разреши досегашниот в.д. директор Никола Денковски. 

Марко Митровски од ВМРО-ДПМНЕ нов директор на „Куманово-гас“

Митровски е дипломиран машински инжинер по термичко инжинерство, вработен во компанијата МЕПСО од 2015 година. 

Примопредавање на функцијата помеѓу двајцата директори била извршена во понеделник.

„Ова за мене е нов професионален предизвик  и можност да придонесам во развојот на градот во кој живеам. Од понеделник сум на новото работно место, се уште ја скенирам состојбата, имаме доволни количини на гас и засега функционираме без проблеми“, изјави новиот директор Митровски за Кумановоњуз.

Митровски е првиот директор на ВМРО-ДПМНЕ, кој е на чело на јавно претпријатие во Куманово. Партијата дојде на власт по 30 години опозиција откако во вториот круг на локалните избори го поддржа независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, и по победата направија мнозинство во советот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие директорско место и во „Куманово-план“.

2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk