Матејче ќе добие спортско игралиште
09.07.2015 11:01
| KumanovoNews
Основното училиште “Култура“ во село Матејче, ќе добие повеќенаменско спортско игралиште.

За проектот за игралиштето деновиве потпишан е договор помеѓу општината, УСАИД и училиштето. Игралиштето ќе биде за мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка.
“Училиштето имаше и досега игралиште, но тоа беше старо и изградено многу одамна. Ова ќе биде ново, модерно и ќе им користи на учениците“- рече Неџати Османи, секретар во општина Липково.
Во изградбата на игралиштето ќе инвестираат УСАИД и општината. Овој проект ќе помогне за унапредување на воспитно-образовниот процес во Матејче.