×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матичните лекари бараат повеќе термини за вакцинација од сезонски грип

    21.11.2020 12:22 | KumanovoNews

    Матичните лекари од Куманово бараат повеќе дневни термини за вакцина на сезонски грип, бидејќи сегашните четириесетина не се доволни за потребите на нивните пациенти.

    Матичните лекари бараат повеќе термини за вакцинација од сезонски грип

    Тие се жалат дека термините ги чекаат по цел ден, а кога ќе ги пушта се пополнуваат за неколку минути затоа што во градот има над 100 матични амбулатнити. Поради тоа поголем дел од нив досега воопшто на успеале да закажат ниту еден термин, а имаат голем број на пациенти кои сакаат да се вакцинираат.

    „Треба да сме хакери или да играме брзи прсти за да можеме во тие 5-10 минути да закажеме. Вчера термините беа пуштени во 17.30  и во 17.35 часот и веќе немаше слободен термин. Околу четириесетина термини дневно од кои по 5 се хронично болни и по 5 за здравствени работници а останатите за другите пациенти. 250 термини неделно се премалку за толкав број на население. Бараме дневно да има од 100 до 150 термини за да можеме да одговориме на барањата на пациентите. Сите колеги се незадоволни и бараат да реагираме да се најде решение на проблемот“, - вели д-р Фатмир Асани, претседателот на Здружението на матични лекари во Куманово.

    Во однос на објаснувањето на Министерството за здравство дека се дава мал број на термини за да не се создаваат гужви во службата за иминизација лекарите велат дека се подготвени самите да ги вакцинираат своите пациенти за да помогнат процесот да заврши побрзо. Оваа година за Куманово, Кратово и Крива Паланка се предвидени околу 3000 вакцини, а лекарите велат дека треба најмалку 6000 вакцини.

    „Пациентите ни вршат притисок сакаат да се вакцинираат, а ние немаме начин да им помогнеме. Јас досега имам закажано само на двајца пациенти, а имам 70-80 луѓе кои чекаат. Ако не можат да се организираат нека ги дадат вакцините ние ќе ги боцкаме пациентите. Или нека ги расподелат дозите на сите амбуланти рамномерно. Вака нема смисла, каде нема доволно вакцини, па нема ни термини. Вакцинацијата требаше да почне во октомври, па задоцни. Ако се продолжи со ова темпо ќе трае до февруари, што нема никаква логика, а ќе нема ни ефект бидејќи сега е сезона на грипов. Вакцинацијата треба да заврши најдоцна до 20 декември ако сакаме да има некаков резултат“, - вели д-р Бране Ивановски- матичен лекар.  

    Лекарите повторно потсетија дека се незадоволни и од бројот на термини од ковид-19, по 10 дневно, поради што нивните пациенти чекаат и по 7-8 дена за да дојдат на ред и најчесто одат во приватните лаборатории да се тестираат.