Матурантите полагаат македонски јазик и литература
09.06.2012 08:46
| KumanovoNews
Денеска во 10 часот во сите средни училишта почна полагањето на екстерниот дел од матурата. Учениците полагаат македонски јазик и литература. Резултатите од полагањето ќе се знаат за месец дена.

Сите 260 матуранти денеска навреме дојдоа во училиштето. Кај нас сите ученици се одлучија за државна матура. Интерниот дел ќе се полага од 14 до 29 јуни - велат од Гимназија “Гоце Делчев“.
За интерниот дел матурантите бираат меѓу математика и странски јазик, но повеќето ученици се одлучиле за странски јазик, а математиката ја одбегнуваат.