×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурантот Андреј, првак по информатика во државата и трет во светот: Се гледам како софтверски инженер во голема компанија

    30.05.2020 20:47 | KumanovoNews

    Матурантот Андреј Величковски, кој стана првак во државава по информатика, а трет во светот, се подготвува за упис на студии, а себеси се гледа како софтверски инженер во некоја поголема национална компанија. Се` уште размислува на кој факултет да се запише, но тоа најверојатно ќе биде во нашата земја.

    Матурантот Андреј, првак по информатика во државата и трет во светот: Се гледам како софтверски инженер во голема компанија

     „Се` уште немам дефинирано каде и на кој факултет ќе се запишам поради моменталната ситуација со вирусот, но тоа сигурно ќе биде факултет за информатика. Веќе се подготвувам со основните работи кои ќе ми бидат потребни, но не давам посебно значење за уписот. Од студиите очекувам да го усовршам своето знаење во областа на програмирањето и да запознаам луѓе кои ќе ми ги пренесат искуствата во оваа област“, вели Андреј.

     Тој во своето четиригодишно образование во Гимназијата „Гоце Делчев“, покажал извонредни резултати и учествувал на многу национални и меѓународни натпреварувања каде што освоил многу награди, признанија, медали и дипломи, претставувајќи го училиштето и државата во најдобро светло.

    „Овогодишните натпревари беа откажани, а последниот успех кој го имав беше освојувањето на бронзена медала на Балканската олимпијада по информатика. Во последните две години со освојување на првите места на Македонската олимпијада по информатика, станав дел од сениорскиот тим на Македонија. Таму имав можност да се натпреварувам на последните две Балкански олимпијади по информатика на кои освоив две бронзени медали. Сепак, мојот најголем успех е освојување на два бронзени медали на моите две учества на Интернационалната олимпијада по информатика. Тоа е најголемиот натпревар по информатика во светот, каде секоја година се собираат 300 средношколци од целиот свет за да се натпреваруваат во решавање на програмерски проблеми. Натпреварот трае два дена, по пет часа секој ден за решавање на три задачи“,  вели матурантот.

    Резултатите ги постигнал со голем труд и усовршување на својот талент. Големиот број на интеренционални признанија ќе му помогнат за поголемо вреднување на неговата работа и по завршување на факултетот. Љубовта кон информатичката технологија, ја развил во осмо одделение кога почнал да учи програмирање, но поголемо внимание посветил во деветто одделение, кога за првпат успеал да освои место во националниот тим за меѓународни натпревари.

    „Мојот интерес кон математиката од основно образование ми претставуваше основа за изучување на сите концепти од областа на информатиката и програмирањето. Дополнителните математички предмети кои ги учев во трета и четврта година во гимназијата, ми помогнаа уште повеќе во изучување на овие концепти“, објаснува Андреј.

    По завршувањето на факултетот, Андреј сака професионалната кариера да ја гради во голема компанија како софтверски инженер, но не исклучиво во странство, туку и во нашата држава, бидејќи смета дека и тука има добри услови за работа.

    „Постојат многу работи кои би можел да ги работам на високо ниво. Како и да е, после завршување на моите студии, би сакал да работам како софтверски инженер во некоја поголема национална компанија. Сметам дека во оваа област трудот доволно се цени. Програмерите се поплатени од повеќето други сектори, а и поради можностите за развој и напредок, кои не зависат многу од земјата на работа. Во нашата држава, ИТ секторот редовно има најмногу отворени работни места, а и повеќето компании нудат добри работни услови. Моментално оваа област има голема побарувачка, но и финансиски е многу подготвена да одговори на вработените. Поради ова, сметам дека младите имаат најдобра шанса за градење на успех токму во овој сектор“, вели Андреј.

    Тој ги охрабрува младите кои се заинтересирани за математика, дизајн, информатика или програмирање да изберат студии по информатика, токму поради сите можности за добра кариера и професионален напредок. Средното образование ќе го памети по голем број на стекнати пријатели, како и професорите кои несебично му го пренеле знаењето и му дале многу шанси во текот на школувањето. Андреј жали поради тоа што неговата генерација ќе нема прослава на матурската вечер со своите другари, но вели дека најважно е нивното здравје и светлите денови кои доаѓат пред нив.

     (Дарко Давитковски)