Меѓународна поетска вечер во Куманово
07.07.2015 08:26
| KumanovoNews
Во фоајето на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе се одржи меѓународна поетска вечер.
Поетската вечер ја организира “Трајко Прокопиев“ заедно со Центарот за култура “Бели мугри“ од Кочани. Поезија ќе читаат автори од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Украина.