×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наредниот викенд ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“

    14.08.2021 18:48 | Сузана Николиќ

    Финишираат подготовките за Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, кој ќе се оддржи наредниот викенд на 20, 21 и 22 август пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На манифестацијата ќе учествуваат околу 500 фолклористи од пет странски ансамбли од Грузија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија, како и шест од нашата земја, два од Скопје, Битола, Гевгелија, Вевчани и домаќините од Куманово.

    Наредниот викенд ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“

    Организациониот одбор го одржа последниот состанок на кој беа утврдени финалните поединости пред почетокот на фестивалот.

     „Оваа година фестивалот ќе се одржи на отворено пред Центарот за култура, за да ги испочитуваме мерките за ковид-заштита. Ќе биде поставена голема бина за настап на играорците, а за посетителите ќе обезбедиме околу 400 столчиња. Имаме извонреден избор на гости и верувам дека публиката ќе ужива во разновидната понуда и програма.  На отворањато на фестивалот во петок ќе се одржи дефиле низ градските улици. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во што поголем број , за да уживаат во фолклорот од нашата земја и од странство“, - изјави Мирослав Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот.

    Меѓународниот фолклорен фестивал се одржува втора година по ред и предизвика симпатии и поддршка кај граѓаните. Во организација е на КУД „Панче Пешев“ и  МКЦ. Фестивалот се организира со финансиска помош на Општина Куманово и Министерството за култура.