Метален столб падна на билборд
19.09.2019 15:45
| KumanovoNews
Метален столб од електрично осветлување падна на билборд на крстосницата на улиците „Гоце Делчев“ и „Трета МУБ“ во центарот на Куманово.

Според очевидци столбот паднал откако жиците од телефонска и кабловска инсталација ги закачил и ги повлекол камион што се движел по улицата. Тоа го изместило од лежиштето и го кутнало, но за среќа го задржал билбордот без да повреди некој.
„Екипите се на терен и работат на подигање на столбот. При крај се со работата и ќе го вратат столбот во првобитната положба, - изјавија надлежните.
Сообраќајот во овој дел од Куманово е во прекин oд 16:10 часот и се врши пренасочување.