Мигрант од Конго пронајден мртов во двор на џамија во Лојане
09.03.2022 11:52
| Сузана Николиќ
Во двор на верски објект во липковското село Лојане, вчера во 6 часот наутро било пронајдено безживотно тело на мигрант.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго, а по насока на Јавен обвинител телото е предадено за погреб“, соопштува МВР.