Мароканец крадел по дуќани и куќи во Куманово
27.04.2022 14:27
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б.(25) од Мароко, бидејќи се сомничи дека вчера извршил кражби во три деловни објекти и една семејна куќа.

Притоа одзел повеќе предмети и пари, кои биле пронајдени и вратени на сопствениците.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.