Mигранти пријавиле силување и грабеж во Лојане
13.11.2019 17:44
| KumanovoNews
Тројца мигранти биле цел на напад од повеќе лица во липковското село Лојане.

Според информацијата од МВР, вчера во 14 часот во Транзитен Центар - Табановце, Н.А.(35) и Х.М.(38), двајцата мигранти од Иран, пријавиле дека неколку лица во с.Лојане, општина Липково, им ги одзеле парите и мобилните телефони, а едно од лицата извршило обљуба над жена мигрант од Авганистан. Според пријавеното, потоа жената ја пренеле во Р.Србија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.