Мигранти се криеле во напуштена куќа на гастарбајтер во Лојане
08.04.2021 09:40
| KumanovoNews
Ш.А.(42) од село Лојане, Општина Липково, со привремена работа во Швајцарија, пријавил во полицијата дека во неговата напуштена куќа престојувале мигранти.

По извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициското одделение Матејче биле пронајдени 6 (шест) мигранти од Пакистан.
Извршен бил увид на местото од екипа на СВР Куманов и се преземаат мерки за расчистување на случајот.