×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Минатата година најмалку жртви во сообраќајки во последните 15 години во Куманово

    25.05.2022 11:22 | Сузана Николиќ

    Во 2021 година бележиме намалување бројот на жртви во сообракајот за 25 отсто споредбено со претходната година, односно за разлика од 2020 година кога на подрачје на овој сектор имало 8 жртви при случени сообраќајни незгоди, во 2021 година овој број изнесуваше 6, велат од СВР Куманово. 

    Минатата година најмалку жртви во сообраќајки во последните 15 години во Куманово

    Оттаму додаваат дека во првото тромесечје од 2022 година на подрачјето на Крива Паланка и Кратово немало ниту една жртва во сообраќајна незгода, исто како и во април во Куманово.

    „Упатуваме благодарност до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот кои со своето однесување даваат придонес за поголема безбедност, која е во интерес на сите. Тоа е наша заедничка одговорност и сите заеднички мораме да го подигнеме нивото на сообраќајна култура, а како министерство тоа го правиме секојдневно, како преку превентивните, така и преку репресивните мерки спрема прекршителите на сообраќајните правила и прописи“, соопштуваат од СВР Куманово.