Мени

Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари

15.10.2019 12:13 | KumanovoNews

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Зоран Заев.

Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари

Тој најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари.

Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.

Во 2017 година минималната плата е зголемела за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега се зголемува за дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари.

 Премиерот се надева дака до крајот на мандатот минималната плата ќе достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.