Министерот Арбер Адеми позитивен на ковид-19
23.07.2020 13:30
| KumanovoNews
Министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој е од Куманово е заболен од коронавирус. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по неколкуте благи симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен.

„Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ви посакувам се најдобро вам и на вашите семејства“ , напиша Адеми на Фејсбук.
Адеми беше носител на листата на ДУИ во Втората изборна единица и редовно присуствуваше на средби со граѓани и на митинзи во Куманово и Липково.