×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Исмаили престојуваше во работна посета на Куманово

    06.09.2019 09:32 | KumanovoNews

    Министерот за култура Хусни Исмаили, престојуваше во работна посета на Кумановокиот музеј, посети неколку споменици и присуствуваше на два културни настани.

    Министерот Исмаили престојуваше во работна посета на Куманово

    Заедно со директорот Богдан Таневски, ја посети Куќата музеј на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош и Коџа Мехмед Беј џамијата, во селото Табановце.

    „Во својство на министер за култура за првпат сум во Куманово и морам да истакнам дека навистина сум импресиониран од сѐ она што досега го видов, иако тоа е само еден дел од богатото културно наследство на Куманово“ – истакна министерот за култура Исмаили.

    Годинава Музејот од Куманово ја започна реализацијата на проектот за реновирање на објектот.

    По завршувањето на сите активности, планирана е и изработка на нова постојана поставка со која преку фотографии, документи, изданија, предмети, оружје, уметнички фотографии и филм за Карпош, посетителите ќе може да се запознаат со ликот и делото на народниот херој“, додаде министерот.

    Претходно, министерот се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски, а ја разгледа и постојаната музејска поставка во чии рамки се поставени експонати од археолошкото, историското и етнолошкото одделение.