Министерот Спасовски даруваше крвна плазма
29.03.2021 12:17
| KumanovoNews
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска даруваше конвалесцентна плазма, откако пред неколку месеци прележа ковид-19. Тој ги повика граѓаните кои го прележале вирусот да го сторат истото за да помогнат.

„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички ковид-19. Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот. Дарувај крвна плазма, СПАСИ ЖИВОТ!, напиша Спасовски на Фејсбук.
Спасовски беше позитиевна на коронавирус на крајот на октомври.