Министерот Трајан Димковски ја посети млекарницата „Бучен Козјак“
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ја посети млекарницата „Бучен Козјак“, каде со менаџерскиот тим разговараше за развојот на млекарницата, како и за сите предизвици со коишто се соочува компанија во областа на сточарскиoт сектор.

Министерот Димковски, на оваа средба истакна дека млекарницата „Бучен Козјак“ е брзорастечка компанија која ги користи мерките на државата и го запазува квалитеот на производството.
„Она што ме радува е дека веќе самата млекарница е директно вклучена во сите програми коишто ги има Министерството преку искористување на ИПАРД програмите, преку Националната програма за развој на сточарството, се` со цел за подобрување и зголемување на своето производство, како и за подобрување и зголемување, секако, и на стандардите на квалитетот. Ќе напоменам, дека за нас е битен развојот за самата млекарница којашто со години вложува во прогресивноста и во знаењето, како и во зголемување на производството, а секако и во самите фармери, бидејќи произвдоството на млекото во најголем дел доаѓа толку од индивидуалните земјоделци“,- изјави министерот Димковски.
Анита Спасовска, генералниот директор на млекарницата „Бучен Козјак“, вели дека иднината на млекарницата ја гледа уште позајакната на домашниот пазар, но и со нови квалитетни производи надвор од нашите граници.
„Она што прво сакаме да го кажам е голема благодарност до министерот што ни укажа чест и што не посети. „Бучен Козјак“ во иднина ја гледаме како уште позајакната компанија, со тоа што ќе пласира нови производи, со проширување на пазарот и зајакнување, како во државата така и надвор од неа. Ние како компанија ги користиме мерките коишто самата држава ни ги овозможува се` со цел да го подобриме примарното производство и да помогнеме на фармерите во нивниот развој, а исто така да овозможиме што е можно поквалитетно сурово млеко за откупување и да произведуваме уште подобри и поквалитетни производи“,- вели Спасовска.
Министерот Димковски денеска ги посети и Водостопанството „Кумановско-липковско поле“, месната индустрија „Никси“, а присуствуваше на основањето на Комората за органско производство, пред одржувањето на седницата на владата во Куманово.