Министрите Спасовски и Бочварски во работна посета на Куманово
02.12.2023 08:27
| KumanovoNews
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе бидат во работна посета на Куманово.

Посетата ќе започне околу пладне во СВР Куманово, една од капиталните инвестиции на МВР – реконструираниот објект на СВР Куманово, на чие подрачје се реализирани реконструкциите и на останатите полициски објекти
Работната посета на Куманово ќе продолжи на Железничка станица „Перо Чичо“, каде ќе се изврши увид во изградбата на пругата - делница Куманово -Бељаковце, како дел од Коридор 8.