Мирна новогодишна ноќ во Куманово
01.01.2015 13:19
| KumanovoNews
Новогодишната ноќ поминала без ниту еден инцидент, тврдат од СВР Куманово.

Немаше нарушување на јавниот ред и мир, ниту пак тепачки кои би загрозиле нечија безбедност. Исклучително мирна ноќ во која немаше работа за полициските служби, - велат надлежните.
Во Брза помош во текот на ноќта помош побарале 5 малолетни лица затруени со алкохол. Од нив три се девојчиња и 2 машки. Најмалото е на 14 годишна возраст. Сите се пренесени на интерното одделение.
На хируршкото одделение предпладнето е донесено едно лице со скршеници на носот и главата, задобиени во тепачка.