Мени

Мирослав Тричковиќ од ДПСМ нов советник во Советот на Општина Куманово

11.03.2022 11:15 | Сузана Николиќ

Мирослав Тричковиќ од ДПСМ е нов член на Советот на Општина Куманово. Тричковиќ доаѓа на местото на неговиот коалиционен партнер од ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски, кој е назначен за в.д. директор на ЈП Куманово-план.

Мирослав Тричковиќ од ДПСМ нов советник во Советот на Општина Куманово

Тричковиќ денеска даде свечана изјава и потпиша дека ќе ги почитува правата и должностите како член на Советот и ќе работи во интерес на земјата и граѓаните.

 Со назначувањето на Тричковиќ ДПСМ доби два советника. Мандат во Советот има и Саша Николиќ. 

Тричковиќ беше член на Советот и во предходниот состав.