×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мисајловски и Петрушевски најавија вложување во културата и еколошки проекти во Куманово

    10.07.2020 14:07 | KumanovoNews

    Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со граѓаните во Соколанскиот парк, при што на прес конференција најави одделување од акцизата за вложување во културата.

    Мисајловски и Петрушевски најавија вложување во културата и еколошки проекти во Куманово

    „Денеска се сретнавме со културните работници и разговаравме за нашата програма „За обнова на Македонија“. Знаете дека во неа често пати велиме дека од акцизата ќе одвоиме средства за спортот, но ќе одвоиме и за културата. Еден дел од акцизата ќе оди директно за културата во државниот буџет, односно за културните работници. Ова е многу важно затоа што Куманово го заслужува тоа како најголем град во Република Македонија,“ вели Мисајловски.

    Тој ја искритува локалната власт и техничкиот премиер Оливер Спасовски, поради недоволната грижа во општината, поради тоа што градот е оставен без вложувања, по што најави дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повеќе средства за Куманово, за повеќе проекти кои ќе донесат обнова насекаде.

    Кандидатот за пратеник, Бране Петрушевски, ја потенцираше важноста за животната средина, најавувајќи еколошки проекти за пошумување и заштита на парковите и зелените површни во градот.

    „Од утринава посетивме голем број на локации, бевме и во боровата шума над селото Биљановце. Тоа се “белите дробови“ на град Куманово, создадени со пошумување пред 50-на години. Ние во нашата програма се обврзавме на 50% почист воздух и веќе почнавме малку да придонесуваме во тој правец. Поставивме канти за отпадоци, заедно со активистите и волонтерите на УМС. Сакаме да потенцираме дека во програма планираме засадување на преку 2 милиони садници, нови такви места и прибежишта на кумановци од големите температури, - рече Петрушевски.

    Петрушевски посочи дека имаат сериозни проекти и во областа на гасификацијата, која според него веќе долги години стагнира. Ќе обезбедат бесплатен приклучок на гас за секое семејство во Куманово.

    (Д.Давитковски)