×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мисајловски: Немаме право да заборавиме ни една капка крв што паднала во Куманово во борбата против фашистите

    27.11.2020 19:48 | KumanovoNews

     Куманово е град хероj, ова е градот во кој многу луѓе во историјата го дале својот живот за Македонија и затоа нема да дозволиме никој да тргува со оваа држава, со нашиот идентитет и со нашиот јазик, изјави пред почетокот на протестот по кумановските улици, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

    Мисајловски: Немаме право да заборавиме ни една капка крв што паднала во Куманово во борбата против фашистите

    - Сега е време да покажеме пркост, бидејќи Зоран Заев и неговата свита сакаат да не прекрстат, да не омаловажат, да не исмејуваат, а сакаат и да ни го сменат идентитетот. Да не дозволиме никој од нас, а се разбира да не дозволи никој во оваа држава повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет, со нашиот јазик, со кумановци. Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои на Спомен костурницата, но се разбира и многу борци што се родиле, но и поколенија што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави ни една капка крв што паднала во Куманово во борбата против фашистите, против окупаторот, а се разбира било за слободна Македонија, - изјави Мисајловски.

     Тој од Куманово ги повика граѓаните да се охрабрат и да се приклучат кон протестите во кои ќе продолжат во Скопје и во другите градови во Македонија, додека Заев не си замине.