×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мисајловски од Куманово вети обнова и ги повика граѓаните да ја поддржат програмата на ВМРО-ДПМНЕ

    12.07.2020 15:30 | KumanovoNews

    Носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски, денеска од градскиот плоштад во Куманово, ги повика граѓаните да излезат на гласање, бидејќи само така ќе се овозможи обнова на државата.

    Мисајловски од Куманово вети обнова и ги повика граѓаните да ја поддржат програмата на ВМРО-ДПМНЕ

    „Поминавме многу населени места, разговаравме за многу проблеми и дадовме аманет дека ќе помогнеме. Со гласање за бројот 14 и нашата програма, ќе овозможите обнова на сите делови во општеството. Знаете дека оваа кампања за мене почна црно. Со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан, но јас уште првиот ден кажав дека тоа нема да ме запре. Овие 20 дена ја чувствував енергијата во целата изборна единица. Сакам да се заблагодарам на секое населено место, тука од Куманово кое не’ прими за разговор, ни даде сугестија, но и критика за некои нешта што сме ги заборавиле во минатото,“ објасни Мисајловски.

    Тој посочи дека нивниот политички опонент размислува само на црни сценарија и како да ги навреди.

    „Јас сум многу различен, можам да ги напаѓам за се она што не го направиле, за се она што го кријат. Затоа е добар законот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, за потекло на имот и да видите како политичари имате тука во Куманово. Добро е обновата да започне тука од Куманово, да зафати многу лица од врвот на СДСМ, па да дознаете каде завршуваат тие црни пари, црни тендери кои би ги нарекол и куфери“, - рече Мисајловски.

    Мисајловски се заблагодари на медиумите за професионалната и добра соработка во овие 20 дена од изборната кампања.

    (Д.Давитковски)