×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите бегаат од земјата, честопати и илегално – лани во ЕУ фатени 6.575 илегалци со македонски пасош

    02.11.2020 08:02 | KumanovoNews

    Вкупно 6.575 граѓани на Северна Македонија во 2019 година биле фатени со илегален престој во една од земјите на Европската Унија. Трите земји во кои најчесто граѓаните на земјава престојуваат нелегално се Германија, Унгарија и Словенија. Зачленувањето на Северна Македонија во Европската Унија би го решило овој проблем.

    Младите бегаат од земјата, честопати и илегално – лани во ЕУ фатени 6.575 илегалци со македонски пасош

    Во 2019 година, Фондацијата Фридрих Еберт спроведе истражување за тоа зошто граѓаните на Северна Македонија ја напуштаат земјата. Од ова истражување се дозна дека една третина од испитаниците имаат горлива желба да ја напуштат земјата. Мотивите за тоа се три: Подобар животен стандард, подобри можности за вработување и подобро образование, пренесува Мета.мк

    Како проблеми во општеството, младите ја истакнале корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Иако сакаат да се образуваат, сепак сметаат дека врските за вработување ќе им помогнат повеќе од знаењето.

    Германија е дефинитивно најпосакуваната дестинација за емиграција, потоа следи Швајцарија, покажуваат резултатите од студијата. Скоро половина од испитаниците се незадоволни од квалитетот на образовниот процес во Македонија. Дел од причините за незадоволство може да се откријат во перцепцијата на корисноста на стекнатото знаење.

    Иако на 19 декември 2009 година Европската унија ги укина визите за граѓаните на Северна Македонија, Црна Гора и Србија, тоа е случај само за краткорочни патувања. Во меѓувреме, врз основа на горенаведената студија, повеќето наши граѓани одат во овие европски земји на работа, што значи дека им треба повеќе време од дозволеното.

    Наоѓање работа или вработувањето на граѓани на Северна Македонија во една од земјите на Европската Унија е проблем само по себе, имајќи предвид дека условите за краткорочни визи не го дозволуваат тоа. Треба да се нагласи дека некои од земјите на ЕУ интервенираа во постојните национални закони со што овозможија вработување на граѓаните на Западен Балкан во нивните земји за подолг период.

    Сепак, тоа очигледно не ги решава проблемите. Така, само во текот на 2019 година, при нелегален престој во некоја од земјите на Европската Унија, фатени се вкупно 6.575 државјани на Северна Македонија.

    Бројките на граѓаните како процент од вкупното население на земјите од Западен Балкан фатени при нелегален престој во ЕУ во 2019 година се следниве:

    • Албанија – 1,3%

    • Северна Македонија – 0,3%

    • Косово – 0,2%

    • Србија – 0,2%

    • Црна Гора – 0,1%

    • Босна и Херцеговина – 0,1%

    Државјаните на Северна Македонија во 2019 најмногу престојувале нелегално во Германија, Унгарија и Словенија, додека генерално, првите три земји на ЕУ со најголем број граѓани на Западен Балкан кои незаконски престојувале во нив во текот на 2019 година се Германија, Грција и Унгарија.

    Членството на земјата во Европската Унија би го решил овој проблем. Еден од принципите и самата цел на воспоставувањето на Европската Унија е несомнено соработката меѓу земјите – членки, во секоја сфера и област. Така, лицата што имаат државјанство на една од земјите – членки на Европската Унија можат да патуваат, работат или да се преселат во која било друга земја – членка без потреба од работна или виза за престој.

    Според експертот за меѓународно право Селим Ибраими, овој нелегален наплив на граѓани на РСМ може да се спречи само со стабилизирање на економската состојба на земјата, што според него, ќе биде тежок процес во наредните години.

    „Ќе биде тешко за ЕУ ​​и земјава да го спречат овој наплив, било легално или нелегално. Економијата на Северна Македонија треба да се стабилизира, што ќе биде тешко во следните години. Нелегалните лица кои престојуваат во ЕУ, како што реков, можат да аплицираат за статус на азил или да најдат други форми на престој. Ниту еден од тие што заминале не сака да се врати во земјаваМ затоа што животот во Македонија го замислуваат како пеколот на Данте Алигиери“, изјави Селим Ибраими.

    Инаку, во март годинава, земјите од ЕУ постигнаа политички договор за почеток на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија.