×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Модна ревија на Јелена Кицара вечерва во Центарот за култура во Куманово

    11.05.2024 14:59 | Оливера Пешевска

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи модна ревија на Јелена Кицара, ученичка во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово. 

    Модна ревија на Јелена Кицара вечерва во Центарот за култура во Куманово

    Пред публиката ќе бидат презентирани 9 модели, но и изложени цртежи и скици на уште триесетина модели.

    Ова е прво претставувања на младата Кицара, но со афинитетите и талентот што го поседува верува дека ова е само почеток.

    „Јелена сакаше на поширок круг на луѓе да претстави што работи, што твори па дојде на идеја да материјализира дел од она што го има замислено. Стапивме во контакт со шивачки од Куманово, ги набавивме потребните материјали и подготовките за ревијата. Ги поканувам кумановци да дојдат, да ги видат нејзините креации и да го дадат својот суд“, истакна нејзиниот татко Дамир Кицара.

    Јелена е ученичка во 8 одделение, а планира во средно училиште да се запише на насоката за моден дизајн. Таа е талентирана за многу дисциплини од уметноста, но практичната уметност е она што најмногу сака да го работи. 

    Моделите ќе ги презентираат нејзини другарки и соученички, ова е прв и обид за претставување во кој е вложена млада, креативна енергија и ентузијазам.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани.