×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Модна ревија на учениците од „Перо Наков“

    14.05.2025 17:44 | KumanovoNews

    Средното општинско училиште „Перо Наков“ утре по трети пат организира модна ревија „Модни Варијации“ со модели креирани и изработени од учениците од текстилно- кожарската струка. 

    Модна ревија на учениците од „Перо Наков“

    Ревијата ќе се одржи во холот на училиштето со почеток во 18 часот.

    „Модни варијации, стилски комбинации и уметнички креации изработени од вредните раце на учениците. Ги покануваме сите љубители на модата, естетиката и уметноста да ја проследат ревијата. Повелете на модниот спектакл во нашето училиште“, стои во повикот до јавноста на училиштето.

    Настанот е веќе традиционална завршна ревија за учениците од втора, трета и четврта година на насоката за техничар за дизајн на облека, техничар за моделирање и техничар за изработка на облека.