Мени

Момче објавувало компромитирачки фотографии на малолетничка на Фејсбук

16.10.2019 11:09 | KumanovoNews

 СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Момче објавувало компромитирачки фотографии на малолетничка на Фејсбук

Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15 годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Facebook и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.